ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ДАТА МАСТЕРС ДОО Скопје (понатаму: „Дата Мастерс“) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.academy.datamasters.ai (понатаму: ”веб страна”).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Дата Мастерс ги собира од своите корисници на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои можеби пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате Вашата лична согласност за собирање и обработка на Вашите лични податоци од страна на Дата Мастерс, под условите наведени подолу.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е:
Друштво за трговија и услуги ДАТА МАСТЕРС ДОО Скопје
Адреса: Бул. Партизански Одреди бр. 21А/мезанин Скопје
Тел: +389 70 342 220
email: info@datamasters.ai
WEB: www. academy.datamasters.ai
ЕМБС: 7290594
ЕДБ: 4057018541722
Шифра на дејност: 62.09

Офицер за заштита на лични податоци

Анета Станковска
Телефон: +38977555387
Е-маил адреса: aneta.stankovska@datamasters.co

Дефиниции:

  1. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
  2. „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
  3. „Субјект на лични податоци“ е физичко лице – корисник на услуги и производи на Дата Мастерс чии податоци се предмет на обработка од страна на Дата Мастерс.
  4. Овластено лице е лице вработено или ангажирано од Дата Мастерс кое има авторизиран пристап до документите и до информатичко комуникациската опрема на кои се обработуваат лични податоци.
  5. „Офицер за заштита на лични податоци“ е лице овластено до Дата Мастерс да ја следи усогласеноста на работењето на Дата Мастерс со прописите за заштита на личните податоци и со донесената документација за технички и организациски мерки. 


Лични податоци кои се собираат и начинот на кои се собираат:

  1. При посета на веб страната academy.datamasters.ai

При посета на веб страната academy.datamasters.ai, вообичаено собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со услугите кои вие како посетител на страната ги пребарувате. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење на услугите. Податоцитe се собираат по пат на колачиња (cookies) согласно Политиката за колачиња истакната на оваа страна (https://academy.datamasters.ai/politika-za-kolachinja/).


  1. При пополнување на формата „Дознајте први за нашите обуки, уписи на Академијата, попусти и новости“ или при контактирање на нашите вработени

Кога Вие, како посетител, ја пополнувате формата „Дознајте први за нашите обуки, уписи на Академијата, попусти и новости“ или  контактирање на нашите вработени преку социјалните мрежи на Facebook, Instagram, LinkedIn и YouTube  или преку контакт е-маил info@datamasters.ai  а во врска со Ваши прашања, барања и потреби можат да бидат побарани следните податоци:

  • име, презиме
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во Дата Мастерс со цел да одговорат на Вашите поставени прашања и барања.

Вашите податоци се чуваат од страна на Дата Мастерс до моментот на повлекување на Вашата согласност.

  1. При пријава за обука, академија, курс и слично преку веб страната academy.datamasters.ai

При пријава за обука, академија, курс или друга програма преку веб страната на Дата Мастерс, од Ваша страна ќе бидат побарани да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • професија
  • телефонски број
  • адреса на е-пошта

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во Дата Мастерс со цел органзиирање и спроведување на обуката, академијата, курсот или друга програма која се организира од страна на Дата Мастерс. 

Вашите податоци се чуваат од страна на Дата Мастерс до моментот на спроведување на обуката, академијата, курсот или друга програма која се организира од страна на Дата Мастерс или сè до повлекување на Вашата согласност.

Начин на собирање на личните податоци

Податоците при Вашата посета на интернет страницата и при користење на услугата за пријавување на обуки, академии и курсеви се собираат директно од Вас, на начин што Вие лично ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

Начин на обработка на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци Дата Мастерс ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дата Мастерс исто така применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Дата Мастерс има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите на Дата Мастерс, се извршуваат од страна на вработените во Дата Мастерс одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Дата Мастерс ПЈЕ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Дата Мастерс и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Дата Мастерс не ги пренесува Вашите лични податоци надвор од Република Северна Македонија.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Дата Мастерс. 

Права на субјектот на лични податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

Дата Мастерс има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Дата Мастерс ЈЕ еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од Ваша страна на Субјектот во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на aneta.stankovska@datamasters.coailto: или на бул. Партизански Одреди бр. 21а Мезанин, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, Вашите лични податоци на Субјектот ќе бидат избришани.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Анета Станковска на следниов e-mail: aneta.stankovska@datamasters.co

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични пдоатоци

Ако сметате дека начинот на кој Дата Мастерс ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Дата Мастерс го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на www.academy.datamasters.ai при што истата ќе биде применлива и важечка од моментот на нејзиното објавување.


За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Дата Мастерс ги обработува Вашите лични податоци за:

  • овозможување на online користење на нашите услуги, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.
  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.

Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.


На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Дата Мастерс ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во Дата Мастерс се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Дата Мастерс применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.


Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на интернет страната од корисниците, Дата Мастерс може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.


Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Дата Мастерс користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

  • Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
  • Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
  • Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на Дата Мастерс, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
  • Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку Дата Мастерс веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.

Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings


Ремаркетинг

Дата Мастерс информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook Business Manager, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.datamasters.ai и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook, Instagram и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на Дата Мастерс преку користење на колачиња.

На пример, кога со посетата на www.datamasters.ai корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за Дата Мастерс или за содржината која ја посетил на страната на Дата Мастерс. Сите собрани податоци од Дата Мастерс ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

 

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Дата Мастерс има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.


Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.datamasters.ai, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.

ДАТА МАСТЕРС ДОО СкопјеМас