Напредна обука

Применета напредна аналитика

Биди дел од новата генерација на аналитичари на податоци и совладај ги најновите техники за моделирање, ефикасно искористи ги податоците и самостојно решавај ги најважните предизвици со кои се соочува секој бизнис.

Напредна обука

Advanced Data Analytics

Обука за напредна анализа на податоци со користење на програмскиот јазик Python и модели за машинско учење, создадена за да ве подготви со знаења потребни за напредок во динамичното поле на науката со податоците.

Почеток:

tooltip-dummie
  1. Бројот на учесници е лимитиран
  2. Доколку не се исполни бројот на учесници, групата се презакажува за следен термин.

Есен 2024

Времетраење:

3 месеци + 15-30 денови изработка на проект

Динамика:

Два пати неделно
(17:30-20:00)

Работилница:

Секој втор петок
(17:30-20:00)

Консултации:

2 индивидуални часа
(по 30 минути)
online или во живо

Цена:

tooltip-dummie
  1. Можност за плаќање на 5 рати без камата
  2. За еднократна уплата попуст од 15%
  3. За слушатели кои ова не им е прва обука во Академијата на Дата Мастерс 20% попуст
  4. За студенти 20% попуст

70.000 денари

Oпис на обуката

Обуката за применета анализа на податоци се базира на реални ситуации со кои најчесто се соочуваат бизнисите и консултантите од Data Masters. Научи напредни техники и методологии за обработка на податоци, како што се сегментација на корисници, market basket analysis, детекција на измама и NLP анализа со јазични модели.


Услов за учество на обуката
(потребно е исполнување на најмалку еден услов):

Успешно поминато тестирање за основи во програмскиот јазик Python со стручно лице од Дата Мастерс на кое ќе се потврди дека слушателот поседува:

Сертификат за успешно завршена обука од основен степен во Академијата на Data Masters или во друг едукативен центар.

Mожност за подготвителна обука за основи на Python, во договор со Академијата на Data Masters.

Сертификат за успешно завршена обука од основен степен во Академијата на Дата Мастерс или во друг едукативен центар.

Доказ за успешно завршена основна обука за програмскиот јазик Python

Успешно поминато тестирање за основи во програмскиот јазик Python со стручно лице од Дата Мастерс на кое ќе се потврди дека слушателот поседува:

Модули

Модул 1:
Вовед во напредна аналитика

    Изучување на основите на напредната аналитика и нејзината улога како двигател за раст на бизнисите.

    Изучување на концепти за аналитика и Data Science методологии кои поставуваат комплексни датасетови низ нивниот целосен животен циклус.

    Истражување на предиктивни и прескриптивни методи, како и визуелизација на податоци и текстуална анализа.

    Развивање на критички начин на размислување и пристап за решавање на предизвици, како одлична основа за градење на кариера во дата светот.

    Модул 2:
    Сегментација на корисници

      Разбирање на однесувањето на корисниците и нивните преференци, со цел персонализиран пристап за секој корисник.

      Изучување на различни типови на сегментација на корисници преку техники за кластерирање, алгоритми, дрва на одлуки и factor analysis.

      Имплементирање на оваа техника во реален use case кој мери клучни индикатори за перформанс поврзани со задоволство на клиентите, engagement и retention, концепти применливи во сите индустрии.

      Модул 3:
      Market Basket Analysis

      Извлекување на важни заклучоци од податоци за трансакции и нивно користење за оптимизација на бизнис стратегии.

      Користење на association rule mining техники (алгоритам Apriori) за идентификација на поврзаност помеѓу продукти во малопродажна и големопродажна индустрија, e-commerce и оnline сервиси.

      Искористување на market basket analysis за cross-selling техники, оптимизација на цени и стратегии за промoција на продукти.

      Откривање на шаблони во податоците и нивна поврзаност која може да се искористи за креирање на бизнис стратегија.

      Модул 4:
      Детекција за измама

      Потенцирање на важноста на fraud detection за ублажување на финансиски загуби, оджување на доверба кај клиентите и обезбедување на интегритет на бизнис операциите.

      Откривање на шаблони за измама и аномалии во трансакциски податоци.

      Изучување на различни алгоритми за класификација (logistic regression, decision trees, random forests, etc) и техники за подобрување на перформанс и ефикасност на моделот.

      Запознавање со техниките за детекција на измама кои констатно еволурираат и  одржување на проактивен пристап за превенција на измама со податоци. 

      Модул 5: 
      NLP анализа со LLM (јазични модели)

      Развивање на суштинско разбирање на техниките за NLP и како тие може да се искористат за анализа и екстракција на текстуални коментари (оценки) од клиенти.

      Разбирање на сентимент, мислења, и клучни теми во текстуални коментари со користење на јазични модели (на пример LSTMs, BERT).

      Извлекување на заклучоци од неструктурирани текстуални податоци и носење на одлуки базирани на тие заклучоци.

      Развивање на chatbot и автоматизирано генерирање на текст за корисничка поддршка и фидбек за клиенти.

      Модул 6:
      Решавање на случај

      Самостојно селектирање на конкретен случај или предизвик од конкретен бизнис домен, со менторство на консултант од Data Masters.

      Анализирање на проблем,  трансформација на податоците и нивна подготовка за моделирање.

      Избирање на соодветен модел кој ќе се примени на подготвените податоци.

      Креирање на шема и план за физичка имплементација на решението.

      Развивање на различни начини (прецизност, спецификации, f1 score, итн) за евалуација на перформансот на моделот за машинско учење.

      Искористување на алатки и техники за визуелна репрезентација на податоците во финални репорти. 

      Креирање на колекција на документи кои го објаснуваат процесот на развој на проектот.

      Одбрана на завршниот проект пред избрана комисија составена од консултанти од Data Masters, кои го оценуваат проектот од бизнис и технички аспект. 

      Секој слушател може да го користи својот проект како зачеток на своето портфолио во светот на податоците.

      Бенефити од обуката

      Успешни приказни

      Процес на апликација

      Пополнете апликација

      Ги внесувате вашите лични податоци во формата за пријавување.

      Разгледување на апликацијата

      Нашиот тим ве контактира, по што договараме заеднички состанок.

      Online интервју

      На состанокот правиме кратка анализа на вашето моментално знаење, за да креираме персонализирани чекори за подготовка пред Академијата. 

      Одобрување

      Нашиот тим ќе ве исконтактира за да го потврди вашето место на академијата.

      Подготовка

      По потврдата на вашата апликација, започнува делот за подотовка, каде според вашите потреби ќе ви испратиме соодветни материјали, за брз on-boarding на обуката.

      Направете го првиот чекор кон вашата иднина.