Хибридна обука
Data Analytics in Retail
Искористете го целосниот потенцијал на податоците генерирани од retail-бизниси.
Развиј аналитички начин на размислување и искористи го посточекото знаење за да го унапредиш квалитетот на твојата работа или да отвориш нови кариерни можности.
Почеток:
TBD
Времетраење:
16 недели (91 час)
Динамика:
Часови
2 пати неделно (17:30-20:00)
Техничка работилница
Секој втор петок (17:30-20:00)
Консултации:
2 индивидуални часа
(по 30 минути)
online или во живо
Цена:
33.000 денари
Опис на обуката
Data Analytics in Retail ги комбинира SQL и Power BI на Microsoft, чие познавање е одлична основа за започнување на изучување на анализа на податоци.
Обуката започнува со запознавање со податочните типови во MS SQL Server и изучување на синтаксата за креирање, ажурирање и бришење на податоци.
Продолжува со импортирање на file во Python скрипта, анализа и манипулација на тие податоци, за потоа истата скрипта да се реализира преку Power BI, сè со цел да се добие значаен извештај како краен производ.
Потребата за професионалци кои ги поседуваат овие вештини, умеат да ги користат најбараните алатки за деловно разузнавање и анализирање на податоци расте со голема брзина во сите индустрии, а со помош на оваа обука ќе бидете во чекор со најновите глобални трендови во малопродажниот и големопродажниот сектор.
Модули
Вовед во SQL
- Вовед во бази на податоци
- Запознавање со MS SQL Server
- Креирање и импортирање на табели
- Поставување на прашања до база
- Трансформирање и интерпретирање на резултати
- Спојување на табели по клуч
- Селектирање на колони
- Филтрирање на редови
- Агрегатни функции
- Сортирање и групирање
- ETL (Extract, Transform, Load)
Визуелизација во Microsoft Power BI
- Вовед во алатката Power BI
- Поврзување на Power BI со различни типови на извори
- Работење со различни прикази на модели на податоци
- Комбинирање на графици во dashboard
- Креирање на колони и метрики
- Градење на односи меѓу различни табели
- Креирање на извештај со различни интерактивни визуелизации
- Извршување на Python скрипти во Power BI
Вовед во SQL
- Вовед во бази на податоци
- Запознавање со MS SQL Server
- Креирање и импортирање на табели
- Поставување на прашања до база
- Трансформирање и интерпретирање на резултати
- Спојување на табели по клуч
- Селектирање на колони
- Филтрирање на редови
- Агрегатни функции
- Сортирање и групирање
- ETL (Extract, Transform, Load)
Визуелизација во Microsoft Power BI
- Вовед во алатката Power BI
- Поврзување на Power BI со различни типови на извори
- Работење со различни прикази на модели на податоци
- Комбинирање на графици во dashboard
- Креирање на колони и метрики
- Градење на односи меѓу различни табели
- Креирање на извештај со различни интерактивни визуелизации
- Извршување на Python скрипти во Power BI
За кого е наменета обуката
Доколку сте личност која својата работа ја поставува во Ексел и:
- Раководи со набавки, нарачки, залихи и продажба
- Сака да го надгради знаењето
- Да просперира и напредува во постоечката кариера
- Да ги унапреди процесите и анализата на податоци во сопствената фирма
- Работи или поседува бизнис кој работи со малопродажба и големопродажба
Елена Трајкоска, Координатор на Академијата на Data Masters
Малопродажните и големопродажните бизниси подеднакво генерираат големи количества на податоци. Оваа обука е создадена од тим на професионалци кои работат на retail проекти во нашата компанија и има за цел да ги научи слушателите како ефективно и ефикасно да ги организираат, анализираат и организираат овие типови на податоци.
Цели на обуката
- Самостојно користење на програмскиот јазик SQL за манипулација на податоците во вашата компанија/организација.
- Самостојно креирање на извештаи во Power BI со цел целосна автоматизација, применувајќи пресметани показатели.
- Воспоставување на релации помеѓу различни варијабли и бази на податоци и дефинирање на нивната меѓузависност.
- Носење на информирани одлуки за управување со залихи, маркетинг стратегии, ценовни политики и општ бизнис перформанс.
- Поврзување на перформансите и потенцијалот на компанијата за донесување одлуки базирани на податоци.
- Оптимизирање на операциите во бизнисот, подобрување на искуството на купувачите и зголемување на продажбата.
- Подобрување на одлуките за избор на производи, идентификување на трендови, оптимизација на нивоата на залиха и намалување ризикот од недостиг или прекумерна залиха.
- Создавање таргетирање маркетинг кампањи, оптимизација на ценовни стратегии и идентификација на карактеристиките на таргет групите за персонализирани промоции.
Направете го првиот чекор кон вашата иднина.