Online обука
Data Analytics & Business Storytelling
Практична обука со бизнис примери за усовршување на вештини за анализа, обработка и визуелизација на податоци со SQL и Power BI.
Премости го јазот меѓу основните познавања и напредните аналитички техники и унапреди ја твојата аналитичка зрелост за податоците прецизно да го „раскажуваат“ твојот бизнис.

Почеток:
Март 2025
Времетраење:
70 часа (28 предавања и работилници)
Динамика:
Понеделник (17:30-20:00)
Среда (17:30-20:00)
Секој втор петок (17:30-20:00)
Техничка работилница
Секој петти час од предавањата (17:30-20:00)
Консултации:
2 индивидуални часа
(по 30 минути)
online или во живо
Цена:
39.000 денари
Опис на обуката
Data Analytics & Data Storytelling for Business Professionals е практична обука за анализа на податоци, создадена да им помогне на професионалци од различни бизнис домени максимално да го искористат своето постоечко знаење.
За време на 70 часа, слушателите преку интерактивни предавања и вежби ќе ги совладаат основите на програмскиот јазик SQL и алатката Power BI и целосно ќе го унапредат увидот на бизнисот во податоците.
Обуката е создадена од потребите кои ги имаат професионалците од секторите како што се малопродажба и големопродажба, финансии, осигурување, банкарство, маркетинг и други.
Програмата на обуката овозможува лесен и брз влез во светот на аналитиката, започнувајќи со основите на аналитика, техники на анализирање на податоци со SQL и моделирање и визуелизирање на податоци со Power BI. Поставеноста на часовите им овозможува на слушателите да го премостат јазот меѓу основните познавања и напредните аналитички техники за донесување на одлуки со податоци.
Програма
Вовед во аналитика
- Oсновни концепти на анализа на податоци и бизнис интелигенција, влијание на стратегии базирани на податоци, најнови трендови за аналитика
- Иницијално запознавање со програмскиот јазик SQL и алатката Power BI
SQL за анализа на податоци
- Поставување на прашања до база (query) во SQL сервер
- Изучување на синтаксата на SQL која е неопходна за анализа на податоци
Основни концепти
во
Power BI
- Навигирање и работа со интерфејсот на Power BI
- Поврзување на Power BI со различни извори на податоци и градење на робусни дата модели
- Примена на техники за чистење на податоци и подготвување на бази за репортинг и визуелизација
DAX за анализа и визуелизација во PBI
- Што е DAX и дистинкција меѓу калкулирани колони и метрики
- Mодификација на контекст на филтрите со CALCULATE
- Aнализирање на трендови на податоци и развивање на напредни техники за користење на варијабли и итеративни функции
Менаџирање со Power BI Service
- Споделување на извештаите, работа во колаборативна средина и менаџирање на извештаите онлајн
- Kонфигурација на RLS за контрола на пристап до одредени сегменти на извештаите
- Пристапување, организирање и објавување на содржини на различни workspaces
Use Cases & Knowledge Checks
- Разгледување на пристапот при креирање на use cases од различни домени на работа
- Проверка на стекнатите знаења во текот на целата програма
Вовед во аналитика
- Oсновни концепти на анализа на податоци и бизнис интелигенција, влијание на стратегии базирани на податоци, најнови трендови за аналитика
- Иницијално запознавање со програмскиот јазик SQL и алатката Power BI
SQL за анализа на податоци
- Поставување на прашања до база (query) во SQL сервер
- Изучување на SQL синтакса, која е неопходна за анализа на податоци
Основни концепти во Power BI
- Навигирање и работа со интерфејсот на Power BI
- Поврзување на Power BI со различни извори на податоци и градење на робусни дата модели
- Аплицирање на техники за чистење на податоци и подготвување на бази за репортинг и визуелизација
DАX за анализа и визуелизација во PBI
- Што е DAX и дистинкција меѓу калкулирани колони и метрики.
- Mодификација на контекст на филтрите со CALCULATE
- Aнализирање на трендови на податоци и развивање на напредни техники за користење на варијабли и итеративни функции
Менаџирање со Power BI Service
- Споделување на извештаите, работа во колаборативна средина и менаџирање на извештаите онлајн
- Kонфигурација на RLS за контрола на пристап до одредени сегменти на извештаите
- Пристапување, организирање и објавување на содржини на различни workspaces
Use cases & Knowledge Checks
- Разгледување на пристапот при креирање на use cases од различни домени на работа
- Проверка на стекнатите знаења во текот на целата програма
Зошто обуката на Data Masters?
- Обуката е создадена од искусни консултанти, вработени во компанијата Data Masters, кои на дневно ниво работат на консултантски проекти поврзани со различни типови на аналитика.
- Програмата е трета итерација на воведна обука за аналитика, произлезена од искуствата од претходните обуки и потребите на пазарот и индивидуалците, кога станува збор за искористеност на податоци.
- Фокусот на предавањата е на интеракција и заедничко надминување на предизвиците од програмата. Работилниците и вежбите ги поттикнуваат слушателите целосно да се инволвирани во процесот.
- Холистички пристап – покрај техничките и бизнис познавањата, консултантите од Data Masters ќе ги подготват слушателите за директно имплементирање на знаењата на постоечкото работно место од една страна или целосна кариерна промена од друга страна.
Искуства на нашите студенти

Влатко Чубриновски

Мартин Мартиноски

Александра Коцевска

Ана Секуловска

Мартина Исаиева
Мартина Наумовска, ко-основач на академијата и раководител на Data Science секторот во Data Masters
„Од досегашното искуство, сите оние кои што решиле да направат промена во нивните животи и кариера не се покајале. Инвестицијата во себе и во својата иднина е најдобриот подарок што секој од нас може да си го даде, а ние како Data Masters сме спремни несебично да го пренесеме своето знаење и да ги водиме студентите до остварување на сопствените цели.“

Обуката е за тебе ако:
- Секојдевно работиш во Ексел и сакаш да ја автоматизираш и унапредиш работата.
- На дневно, неделно, месечно или годишно ниво изработуваш извештаи на мануелен начин.
- Имаш суштинско познавање на бизнисот во којшто работиш, но ти недостасуваат аналитички и технички вештини.
- Сакаш да ја унапредиш кариерата и да носиш одлуки базирани на податоци, транзитирајќи кон аналитички позиции.
Предавачи на обуката

Никола Арсовски
Предавач на SQL

Владимир Десановски
Предавач на Power BI

Теодора Живковиќ
Предавач на Power BI
Направете го првиот чекор кон вашата иднина.