КАРИЕРЕН МЕНТОР ЗА ФИНАНСИИ
Под влијание на дигиталната трансформација и сè поголемиот обем на податоци кои се обработуваат во домените кои имаат допир со финансии како што се банкарство, ревизија, инвестициски фондови, осигурување, веќе станува неопходност познавањето на посовремени алатки за работа, но воедно и кариерните можности се зголемуваат. Доколку работите со податоци во доменот на финансии, би сакале да го надградите своето знаење со нови алатки или пак со доменското знаење што веќе го поседувате сакате да направите промена на кариера, нашиот бесплатен кариерен ментор е одличен начин да ја добиете информацијата што ви недостига.
Кој може да се пријави за кариерно советување?
Доколку работите/имате познавање од:
- Банкарски сектор
- Корпоративни финансии
- Финансиски консалтинг
- Сметководство
- Ревизија
- Осигурување
- Инвестициски фондови
Контактирајте нè доколку:
- Секојдневно работите со податоци и ви е потребна доквалификација за автоматизирана обработка на истите
- Имате стартни познавања со работа и обработка на податоци и сакате да се преквалификувате
- Немате стартни познавања за работа и обработка на податоци и сакате да се преквалификувате
Како функционира процесот на консултација?
Во формуларот потребно е да ги оставите вашите податоци, образование и познавање на програмски јазици или други видови на алатки. Посочете ни за што конкретно ви е потребен совет – дали би сакале да се доквалификувате, преквалификувате, во која насока сакате да ја градите кариерата.
По поднесувањето на пријавата, кариерниот ментор ја разгледува и ќе ве контактира за да закажете онлајн состанок на кој би поразговарале за опциите за насочување за да напредувате во кариерата. Кариерниот ментор трае околу 30 минути, време во кое дознаваме повеќе за Вас, Вашите моментални вештини и знаења, како и за Вашите аспирации што ни дава основа да ви дадеме совет за понатамошна надградба или промена на кариерата, согласно вашите цели.