Tailor-made обуки за компании
Tailor-made обуки за решавање на бизнис-предизвици на компаниите со користење на моќта на податоците.
Зошто Tailor-Made trainings?
Tailor-made тренинзите за компании се создадени за да им помогнат на компаниите да го достигнат максималниот потенцијал. Нашата доменска експертиза, во комбинација со работното искуство, ни овозможува да понудиме прилагодена обука која ги зема во предвид точните потреби на бизнисот.
Она кое нè издвојува од стандардната понуда е меѓународното искуство на нашите консултанти, коишто се фокусирани на создавање на темелен бизнис-пристап кој гарантира резултати поради фактот што вашите вработени ќе учат на ваш пример, ваши податоци и ќе градат решение согласно интерната политика на компанијата.
Сите вежби за практична работа во рамки на овој пристап се извлекуваат од еден или повеќе предизвици што се идентификуваат во фазата на анализа и дефинирање на наставната програма.
Целта на обуката е да се дојде до решение за претходно воочениот предизвик, со акцент на практична употребливост на алатките.
Data Masters методологија
Голем број од бизнисите се соочуваат со предизвици врзани со податоци кои се уникатни и е потребен потемелен пристап за нивно решение.
Токму нашата методологија (комбинација од консталтинг, имплементација и едукација) што ја применуваме во рамки на tailor-made обуките е пристап што го препорачуваме за долгорочно разрешување на овие предизвици.
На овој начин компанијата добива практично решение изработено врз нејзините податоци, како и обучување на нејзините вработени за како истото да го користат.
За време на обуките, заедно со нашите консултанти/обучувачи, вашиот бизнис ќе помине низ овие три фази:
1
Анализа на бизнис-процеси
Во оваа фаза, нашите најискусни консултанти ги анализираат бизнис процесите, од што суштински произлегува tailor-made тренингот. Со добиените резултати, ние предлагаме повеќе различни сценарија кои понатаму се основа на обуката.
Првата фаза завршува со презентација и brainstorming работилница, на која се одбира едно од претходно
предложените сценарија.
2
Подготовка на програма
Консултантите/обучувачите го користат претходно дефинираното сценарио и деталите од процесот на анализа со цел дефинирање на програмата и спецификација на исходите од секоја работнилница.
3
Имплементирање на програма
Третата и завршна фаза на tailor-made обуката e комплетирање на предавањата од креираната програма. Пренесувањето на знаењата на слушателите се одвива во определен временски период и преку теоретски и практичен пристап со што акцент е ставен на практичната примена. На овој начин слушатели се оспособени за искористување на програмата во насока на исполнување на бизнис целите зацртани од компанијата.
Крајна цел на тренингот е создавање на datа science решенија за бизнис проблематики преку претходно споменатата методологија, со цел трансформација и континуиран раст на бизнисот.
Во исто време, tailor-made пристапот овозможува вашите вработени да добијат различни способности за креирање на извештаи, донесување на ad-hoc одлуки и оптимално користење на податоци со кои располага компанијата.
Филип Петровски, Извршен директор и ко-основач на Data Masters и Data Masters Academy
,,Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit, sed diam nonummy nibh euismod tincidunt ut laoreet dolore magna aliquam erat volutpat. Ut wisi enim ad minim veniam, quis nostrud exerci tation ullamcorper suscipit lobortis nisl ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis autem vel eum iriure dolor in hendrerit in vulputate velit esse molestie consequat, vel illum dolore eu feugiat nulla facilisis at vero eros et accumsan et iusto odio dignissim .“