Business Data Academy
B2B обуките на Data Masters ги решаваат вашите бизнис-предизвици поврзани со податоците, преку надградба на знаењата на вашиот тим!
Data предизвици со кои се соочува (речиси) секој бизнис
Во денешното деловно опкружување речиси секој бизнис се соочува со предизвици поврзани со податоци,
како што се нивното прибирање, обработка и носење на бизнис одлуки токму врз тие податоци.
Искуствата на Data Masters како консултантска компанија која зад себе има повеќе од 60 успешно завршени проекти ширум целиот свет, покажува дека бизнисите сè почесто се решаваат за правење на чекори кон
ефективен и ефикасен начин на работа и тоа преку подигнување на нивото на едукација за податоците.
Тоа подразбира максимално искористување на генерираните податоци при донесување на бизнис одлуки.
Преку уникатната „Data Masters“ методологија која претставува комбинација на консултантски услуги, имплементација и едукација, компаниите можат предизвиците со податоци да ги претворат во ефективни решенија. Примената на оваа методологија во различни домени со различна сложеност и опсег, покажа одлични резултати и позитивни промени во повеќе различни типови на компании во кои досега имаме спроведено обуки.
Академијата на Data Masters нуди едукација во полето за наука за податоци (Data Science) и сите обуки се создадени од експерти во специфични области. Главната цел на овој тип на обуки е бизнисите/компаниите да ги унапредат своите капацитети и да го заокружат процесот на дигитална трансформација што е можно поскоро, со што би постигнале сериозна предност пред конкуренцијата.
Области и сектори за кои се наменети обуките
Финансии
(Банки и Осигурителни компании)
Малопродажба
Големопродажба
Телекомуникации
Човечки ресурси
Производство
IT услуги
Data Analytics за компании
Што добива вашата компанија:
- Комбинација од модули адаптирани на вашите барања преку практични вештини, за секојдневна примена на знаењето
- Работа со готови податоци соодветни на доменот на вашата компанија
- Комбинација на алатки и вештини за унапредување на знаењето на вашите вработени
- Тим на експерти за подготовка на обука
- Специјализирани предавачи во областа, со нагласено познавање на доменот
- Асистенти посветени само на вашите вработени
Tailor-made обуки за компании
Што добива вашата компанија:
- Креирање на програма соодветна за вашите предизвици, со имплементација на решение уникатно за вашата компанија кое подоцна ќе биде предадено на вашите вработени
- Практични примери преку користење податоците што ги поседува вашата компанија
- Комбинација на алатки и вештини за унапредување на знаењето на вашите вработени конкретно во точките каде што постои најголема потреба
- Тим на експерти за подготовка на обука
- Специјализирани предавачи во областа со нагласено доменско познавање
- Асистенти посветени само на вашите вработени
Case study
Специјализирана обука за клиент од банкарски сектор
Според спецификација на клиентот, Data Masters Academy одржа специјализирана обука за вработените во банка со времетраење од 10 недели. Вработените беа обучени со теоретско и практично знаење за SQL, Python, Power BI и математичка статистика. Тие решаваа конкретно зададен и специјално структуриран тип на проблем со банкарска тематика, дефиниран заедно со менаџментот на банката-клиент.
Цели на обуката:
- Совладување на алатки за изработка на подобри модели за предвидување на ризик
- Самостојно изработување на dashboards, како помош за репортинг тимот
- Самостојна интеграција на извори на податоци со SQL
- Самостојна анализа и манипулација на податоци
- Поврзување на основни SQL функции и нивна примена
- Поврзување на повеќе табели и користење на агрегатни функции
- Самостојна анализа на податоци со библиотеки во Python
- Самостојна имплементација на модели за предвидување и нивна евалуација
- Самостојна имплементација на Power BI извештаи