Бесплатен вебинар за најновата иновација во светот на податоците! 

Како да користиш Python во Еxcel

Python е еден од најпопуларните програмски јазици. Excel е една од најкористените алатки за организација, манипулација и анализа на податоци. Комбинацијата на Python во Еxcel отвора нови можности за напредна анализа на платформа која ти е многу добро позната.

 

Научи како интеграцијата на Python значително ќе ти ја олесни секојдневната работа во Еxcel. Сега не треба да си програмер за да анализираш податоци со програмски јазик.

📅 22 Септември 2023

🕗20:00h - 22:00h

Мартина Наумовска

Магистер по вештачка интелигенција на техничкиот универзитет во Виена, Head of Data Science во Data Masters и Oсновач на Data Masters Academy

Мартина Наумовска е магистер по вештачка интелигенција (AI) со долгогодишно практично искуство како Data Scientist, со фокус на градење на модели за машинско учење за осигурителни компании и NLP проекти. Зад себе има проекти поврзани со длабинско учење во програмскиот јазик Python и повеќе решенија за анализа на податоци со користење на R (кластерирање,корисничко однесување и визуелизација на податоци).

Што ќе научиш?

  • Основни Python oперации во Exceл

  • Напредни Python визуелизации во Еxcel со библиотеките Pandas и Маtplotlib
  • Демонстрација на машинско учење, предиктивна анализа и forecasting

  • Чистење на податоци

Вебинарот е наменет за сите професионалци кои секојдневно работат во Ексел и:

  • Раководат со буџети, креираат и делегираат извештаи, проектираат продажби и приходи, раст и трошоци

  • Сите кои сакаат да го надградат знаењето и да бидат во тек напредокот кој го носи дигитализацијата
  • Сите кои сакаат подетално да се запознаат со манипулација на податоци со програмскиот јазик Python

📅 22 Септември 2023

🕗20:00h – 22:00h