Data Analytics за компании

Обука за унапредување на вештини кај вработените со цел ефективна и ефикасна анализа на податоците во вашата компанија.

Зошто Data Analytics за компании?

Секоја компанија континуирано создава и работи со големи количини на податоци. Кога податоците се користат за бизнис планирање и носење на одлуки, прагот за грешки се намалува, а можноста за унапредување на бизнисот е поголема. Зголемениот обем на податоци создава потреба за напуштање на традиционалниот (мануелен) начин на нивно собирање, складирање и анализирање во Ексел.

Нашата пракса покажа дека спојот на SQL, Python и Power BI резултира со зголемена ефективност и ефикасност при работата во компаниите.

Со SQL и MS SQL Server вашите вработени ќе се стекнат со знаења за складирање, ажурирање и бришење на различни типови на податоци, но и да поставуваат „прашања“ до базата, прилагодени на вашите компаниски потреби.

Следниот чекор е изучување на програмскиот јазик Python, кој овозможува анализирање и извлекување на заклучоци од издвоените податоци.


Финално, со совладување на алатката Microsoft Power BI, вашите вработени ќе бидат способни да генерираат визуелизации на анализите, за информативен и автоматски приказ на податоците.

Data Analytics за компании ги спојува трите најважни аспекти кои се основа на науката за податоци (Data Science) и бизнис интелигенцијата (Business Intelligence).

Акцентот на обуката е ставен на функционалните детали на технологиите и алатките и како вашите вработени може да ги имплементираат во секојдневното функционирање на компанијата, без притоа да имаат претходно познавање од трите посочени алатки што се дел од програмата на обуката.

Програма Data Analytics за компании

SQL и MS Server

Python

Microsoft Power BI

Advanced Analytics

Бизнис сектори за кои се препорачува обуката

Финансии

Продажба

Маркетинг

Човечки ресурси

Development
(ИТ сектор)

Побарајте понуда и надградете го знаењето на вашиот тим!