Даниела Алексоска

Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии на ФЕИТ

BI Developer со искуство во Business Intelligence и развој на SQL базирани системи за анализа на податоци во областа на финансии, човечки ресурси, правна служба, магацинско работење и продажба. Даниела ќе ве воведе во светот на податоците и нивната манипулација преку употреба на јазикот за манипулирање на податоци – SQL. Воедно ќе ве научи како да ги визуелизирате податоците со помош на Power BI алатката на начин да се добие јасна слика и анализа на бизнисот. Со помош на DAX јазикот кој се користи во Power BI ќе Ве научи како да правите напредни аналитики и добиете корисни информации од податоците кои ги поседувате.