Online програми

Модуларнa обукa

Персонализирај го твојот пат низ дата светот и самостојно избери која комбинација на алатки и технологии ќе ја учиш. 

Комбинирај ги модулите и надогради ги знаењата во SQL, Python и Power BI.

Модули

Вовед во SQL

  • Вовед во бази на податоци
  • Запознавање со MS SQL Server
  • Креирање и импортирање на табели
  • Поставување на прашања до база
  • Трансформирање и интерпретирање на резултати
  • Спојување на табели по клуч
  • Селектирање на колони
  • Филтрирање на редови
  • Агрегатни функции
  • Сортирање и групирање
  • ETL (Extract, Transform, Load)

Обработка на
податоци со Python

  • Вовед во програмирање со Python
  • Податочни типови
  • Вчитување, прибирање и анализа на податоци со Python
  • Податочни структури
  • Манипулирање со податочните структури
  • Функции во Python
  • Библиотеки за анализа и визуелизација

Визуелизација во Microsoft Power BI

  • Вовед во алатката Power BI
  • Поврзување на Power BI со различни типови на извори
  • Работење со различни прикази на модели на податоци
  • Комбинирање на графици во dashboard
  • Креирање на колони и метрики
  • Градење на односи меѓу различни табели
  • Креирање на извештај со различни интерактивни визуелизации
  • Извршување на Python скрипти во Power BI

Комбинација на модули

Програма

  • Почеток: Септември 2023
  • Времетраење: 33 часови/13 предавања 
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 24.000 денари
  • Почеток: Октомври 2023
  • Времетраење:  38 часови/15 предавања
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 24.000 денари
  • Почеток: Декември 2023
  • Времетраење:  25 часови/10 предавања
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 24.000 денари
  • Почеток: Септември 2023
  • Времетраење: 71 час/28 предавања
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 30.000 денари
  • Почеток: Септември 2023
  • Времетраење:  58 часови/23 предавања
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 30.000 денари
  • Почеток: Октомври 2023
  • Времетраење:  63 часови/25 предавања
  • Динамика: Двапати неделно (17:30)
  • Консултации: 2 индивидуални часа
  • Цена: 30.000 денари

Што ќе научиш

Основи на SQL

Научи како да пишуваш ефикасни SQL прашања (queries) за да извлекуваш, манипулираш и анализираш податоци складирани во релациони бази. 

Со совладување на SQL, добиваш вредни вештини за управување на бази на податоци, а со самото тоа и извлекување на заклучоци од нив.

Python

Совладај ги основите на програмскиот јазик Python, заедно со библиотеките NumPy, Pandas и Matplotlib, кои се користат во полето на анализа на податоци. 

Преку практични вежби, научи како да обработуваш и анализираш податоци, да вршиш статистичка анализа и да ги визуелизираш податоците, со што ќе бидеш подготвен да се справиш со предизвиците за анализа на податоци од реалниот свет.

Microsoft Power BI

Научи како да се поврзуваш со различни извори на податоци, да трансформираш и моделираш податоци и да креираш визуелно привлечни извештаи и репорти со Power BI. 

Ефективно комуницирај ги заклучоците од податоците и донесувај бизнис-одлуки базирани на податоци, преку презентирање на податоците на јасен и атрактивен начин.

SQL + Python

Комбинацијата на модулите SQL и Python ти нуди моќен сет на вештини за анализа и манипулација на податоци. 

Доколку обезбедниш основа на знаења и во SQL и во Python, можеш да работиш со различни сетови на податоци, да аплицираш сложени трансформации и да спроведуваш длабинска анализа на проблематиката.

SQL + Power BI

Доколку ја избираш и ти е потребна комбинацијата на SQL и Power BI, ќе се стекнеш со уникатен спој на вештини за ефективно управување и визуелизација на податоците. 

Оваа комбинација те подготвува за анализирање и презентирање на податоците на атрактивен начин, а со тоа и унапредување на Business Intelligence аспектот на бизнисот.

Python + Power BI

Оваа комбинација ти овозможува да ги искористиш предностите на Python како програмски јазик и Power BI како алатка, за да креираш сеопфатни аналитични увиди во податоците со кои располагаш.

Не сте сигурни каде да започнете?

Доколку сте личност која работи со податоци или сакате да се насочите кон полето на Data Analytics и Data Science, но не сте сосема сигурни како да го направите тоа, нашиот кариерен ментор ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука за градење на кариера и надградба на знаење.

Направете го првиот чекор кон вашата иднина.