#СподелувамеИскуство за да ја откриете моќта на податоците

spodeluvame_iskustvo_web_dimenzii-800x480

„Се додека не се обидеш да научиш нешто повеќе од тоа што го имаш совладано, никогаш нема да напредуваш“.- Ралф Валдо Емерсон

Размена и споделување на знаење  се процесите кои што може да направат огромна разлика помеѓу опстанок и пропаѓање на еден бизнис.Споделување на знаењето како процес постои можеби од почеток на времето, но моментално претставува вредно нематеријално средство за создавање и одржување на конкурентни предности.

Една од најважните цели на Дата Мастерс беше да создаде заедница од професионалци и луѓе кои што имаат ист поглед на светот и заеднички афинитет кон науките, посебно кон Data Science. Тоа и го направивме. Таа заедница се’ уште расте, и поради тоа Дата Мастерс започна со уште една иницијатива насловена #СподелувамеИскуство, следствено на иницијативата #СподелиОптимизам.

#СподелувамеИскуство, како што  самиот наслов доловува е иницијатива  чија цел е на професионалци од било која индустрија да им помогне да откријат што може моќта на податоците да направи за нивниот бизнис.

Сето тоа на еден професионален и интерактивен начин – преку серија бесплатни вебинари.

Tемата е Data Science и Business Intelligence, а тоа што ги прави овие вебинари поинакви е тоа што вие може да изберете под-тема по ваша желба и да дадете  идеја согласно со потребите на вашиот бизнис или работна позиција.

Најдоброто од нас за вас – Мартина Наумовска магистер по вештачка интелигенција и иновации & претприемништво, и Симон Милошевски докторанд по применета економија, се предавачи на вебинарите,кои покрај тоа што се експерти во својата област, се и одлични ментори кои ќе ја доближат Data Science науката до вашите бизнис потреби. 

Кликнете на следникот ЛИНК и пополнете го прашалникот. Одберете тема и под-тема на вебинар по ваша желба, или оставете ја вашата идеја согласно со потребите на вашиот бизнис или работна позиција 🙂
 

Приклучи се и ти на специјализираните вебинари за твојата индустрија!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin