Како да се справиме со економските последици предизвикани од Ковид-19?

ekonomski-posledici-kovid-19

Способноста за носење на точни и навремени одлуки е од клучно значење за тоа колкав број од фирмите успеваат да ја пребродат оваа криза. Дополнителнo, носењето на навремени одлуки влијае на тоа колку добро компаниите ќе се позиционираат на траекторијата на иден профитабилен раст кога работите ќе почнат да се враќаат во „новото нормално“. Податоците и секако нивната анализа играат голема улога во се’ ова. Почнувајќи од стабилизирање на бизнисот до поставување на темели за нови процеси и предвидување што е следно. Токму затоа е клучно да фирмите имаат кратки, средни и долгорочни data-driven планови со цел да донесат точни одлуки.

Донесувањето на одлуки почнува да станува сериозен предизвик за време на кризни ситуации особено кога иднината е неизвесна. За таа цел податоците треба да бидат основа во секој аспект од бизнисот обезбедувајќи критички придонес за прилагодување на плановите и предвидувањата.

Податоците веќе ја играат нивната улога во справување со COVID-19 кризата. Пример: давателите на здравствени услуги ги користат податоците од земјите кои веќе беа погодени од оваа пандемија за да ги предвидат потребите од болнички кревети и заштитни маски. Од друга страна и телекомуникациските компании  користат предикции  како би можеле да управуваат со мрежниот капацитет и да ги приоретизираат и планираат решенијата за проширување на мрежата.

Според Forrester, американска маркетинг компанија дури 75% од луѓето кои работат Business Intelligence & Data Science сега во време на пандемијата работат многу повеќе часови.

Што значи се’ oва?

Кога веќе бизнисите ќе се движат кон „закрепнување“, голем број на компании ќе мора да имплементираат решенија овозможени со  вештачка интелигенција и машинско учење за да може да ги зголемат приходите и да го обноват својот раст. Вештачката интелигенција и машинското учење обезбедуваат можност за анализа на податоци од огромен број на извори каде што може да се откријат  нови трендови и да се предвидат  потенцијални гапови. Дури и човечкото однесување може да се предвиди со помош на имплементирање на паметни алгоритми врз огромно количество на податоци. Учејќи од сопствените „грешки“ алгоритмите за машинско учење секојдневно се унапредуваат (исто како и луѓето).

Токму затоа ние, Data Masters како консултантска компанија која работи со интернационални клиенти решивме оваа година нашето консултантско искуство да го имплементираме и во македонските компании. Низ процесот на работење увидовме дека кадарот за Data Science е во дефицитарна состојба и има потреба за негово зголемување односно едукација. За таа цел ја создадовме Data Science Академијата која оваа година ќе биде единствена верифицирана академија во Македонија од ваков тип. Низ нашата програма студентите не добиваат само теоретско знаење туку со помош на нашите консултанти и предавачи имаат можност да работат на реални проекти каде што се здобиваат со практично искуство кое можат веднаш да го применат на своето работно место, а со тоа да придонесат во подобрување на перформансите во компанијата каде што работат.

Искуството вели дека голем број на фирми кои во овие кризни ситуации не останале пасивни туку напротив инвестирале во нови технологии и ново знаење (Data Science и Business Intelligence) на поефективен начин се соочиле и сеуште се соочуваат со последиците од економската криза, а многумина од нив прават значителен прогрес.

Join the data-driven future!

Од нашиот блог