ОБУКИ & АКАДЕМИИ

Меѓу нашите најголеми заложби е желбата да го пренесеме знаењето на нашиот тим на индивидуите кои сакаат да го надградат своето знаење во областа на Data Science. За таа цел создаваме обуки наменети за различни профили кои ги водиме кон врвна професионална надградба, но воедно нашата програма опфаќа и обуки за најмладите адаптирани за нивната возраст.

Една од клучните цели на нашиот пристап на едуцирање компаниски кадар е да го надградиме знаењето на вашиот тим. Тоа го реализираме преку обуки обликувани според потребите на вашиот бизнис или организација кои одговараат на целите што ги имате поставено.